ПРОМОЦИЈА НА АУДИО ЧИТАЧ ''КИКО''
Денеска Премиерот Заев, во друштво на претседателот на НССРСМ господинот Жарко Селковски и Министерката Шахпаска го промовираа првиот дигитален читач за лицата со оштетен вид и за други групи. Исклучително е значајно што со апликацијата Аудио читач „Кико“, над 3000 лица со оштетен вид за првпат добиваат функционална, современа и соодветна алатка, која во секојдневниот живот ќе им помага и овозможува поголема самостојност и тоа во сите сфери. Владата целосно ја презеде обврската, како членка на Обединетите нации, да работи постојано на имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Продолжуваме уште повеќе да работиме за надминување и на најмалите бариери во насока на обезбедување еднаков пристап до образование, вработување, здравствен, социјален и културен живот на еднаква основа, за сите граѓани. Повеќе во ЕСИ Репортажа, Петок на ЕСИ РАДИО
COMMENTS